Караџовски во вербален дуел со медиумите

Ве уверувам дека во овој период државата се надрасна себе си – во делот на струка, наука, компетенција, едукација, третман, епидемиолошки надзор, за што ни оддава признание и СЗО – со овие зборови претседателот на комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски заедно со премиерот Спасовски и министерот Филипче, како и Бујар Османи  на 26ти мај, најави олабавување на мерките.

Тој тогаш тврдеше дека Комисијата знае кои  лица биле во самоизолација, ги знае фамилиите, и дека ги контролира случаите кои се регистрираат во државата. Денеска од истата говорница во Владата, Каџовски со повишен тон се расправаше со новинарите кога го прашаа, дали чувствува одговорност за порастот на бројот на заболени, и затоа  што Македонија е ставена во групата небезбедни земји. Тој им се обрати со зборовите: „ Пред да ме опањќавате во медиуми- цврст сум како куче, затоа ќе издржам.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ