
Караџовски: непочитувањето на мерките, неносењето маска, групирањето и ифтарските вечери ни се удрија од глава
Непочитувањето на мерките, неносењето на маска, групирањето и ифтарските вечери ни се удрија од глава како бумеранг, рече епидемиологот Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.Тој вели дека е разочаран од непочитувањето на некои мерки и според него, поради ова се зголемил бројот на заразени по олабавувањето од 25 мај.
Тврди дека тие како Комисија за заразни болести ја немаат променето стратегијата, со која земјава на почетокот броеше многу помалку случаи.