Караџовски: Критиките за СЈО се лично мој став

Кртиките за реформите во праовсудството за СЈО  и другите  забелешките што ги искажа преседатлеот на судскиот совет Зоран Караџовски на минатотнедлната прес конференција се лично негов став, а не на судксиот совет како колективно тело-  ова денеска го потенцираше преку сопштение во кое е наведена само една реченица. Дополнитлено не сакаше да коментира.

  • Претседателот на Судскиот совет на РМ ја известува јавноста дека изнесените ставови на прес конференцијата одржана на 4.01.2018 година, а кои не се однесуваат на работата на Судскиот совет на Република Македонија се негов личен став, се наведува во соопштението испратено од Зоран Караџовски, претседател на судксиот совет.

Според извори на телма од судскиот совет по прессконференцијата дел од членовите имало сериозна реакција  и на колегиум му биле соопштено  на Караџовски дека се оградуваат од неговите ставовие и барале да потенцира дека тоа се лично негови.

Членовите не се согласиле со голем дел од критиките на сметка на други институции. Караџовски  го критикуваше составот на експерти избрани во советот за реформа во правосудството, коментирае изјави на политичари. За извештајот за акмис систмеот  смета дека не треба да биде доверлив и дека не открил ништо ново од претходно кажаното. Цитираше изјава на адвокат за да пренесе дека државниот обивнител Љубомир Јовески е избран надвор од законска процедура во собрнаието и побара сјо што поскоро да стане дел од државното обивнителство.

Судскиот совет деновиве е во центарот на вниманието и поради тоа штотреба да избере претседатле на скопска апелација. Денеска заврпува огласот и до сгеа се пријавиле 8 мина мегу кои кандидати мегу кои  експретседатлеката на Кривичен Добрила Кацарска, апелациониот судија Ѓоко Радојков, и судиите од криивчен Огнен Ставрев и Гордана Спировска. Додека пак Судијата Ѓоко Ристов познат по предметите Шпион и Изгрев аплиицрал за судија во Аплеција. Конкруенцијата овде е поголема – пријавени се 18 кандидати.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ