
Караџовски контра Десковска: Нема скандал во новите плати на членовите на судскиот совет
Претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски не се согласува со министерката за правда Десковска дека скандалозна и незаконска е одлуката со која членовите на советот да добиваат додатоци на плата до 35 проценти. Караџовски како претседател судскиот буџетски совет кој ја изгласа ваквата одлука вели дека лично гласал против затоа што судската администрација к во 2016 штрајкуваше поради тоа што нема и за нив додатоци на плати, но не смета дека одлуката е скандалозна. За оравото на додатоци се повикува на законот за плати на членовите на судксиот совет и на правилници од 2016 и 2017. Ова право за надоместоци и додатоци го имаат членовите на Судскиот совет пред да го имаат судиите вели Караџовски.
Од синдикатот на УПОЗ сметаат дека одлуките се ретрокативни и незаконски бидејки во законот не било предвидено и членовите на советот да добиваат вакви додатоци. Поради ова поднесоа кривична пријава за Караџовски.
Дали има злоупотреба на службената положба од пред нова година истражува обвинителството за организиран криминал. Веднаш ги побарале сите неопходни документи поврзани со одлуката на судскиот буџетски совет но се уште не добиле одговор од советот. Караџовски вели пред рокот од 30дена ќе биде доставено се што е побарано од обивнителите.
По заканите за штрајк од судската администрација пред нова година по итна постапака беше донесен закон со кој и судските службеници како и обвинителските и судиите добиваат право на додатоци на плата. На средба во владата, пак синдикатот и здружението на судска администрација договориле да им бидат вратени и парите кои на судската амдинистрација и беа одземени за време на штрајкот во 2016.
Денеска се одржа првата седница на судскиот совет во новата година и со новите 5 мина членови. За претседатели на Беровскиот и Крушевксиот суд беа избрани единствените кандидати Ленка Симевска и Лидија Андревска.
Елена Ивановска Мукоска