
Караџовски и Штерјев без коментар што не се во новото тело за судски реформи
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, нема да учествуваат во новото тело за имплементација на реформите, ниту преку нивните претседатели Караџовски и Штерјев ниту со други претставници од овие институции. Објаснувањето од Владата е дека во новиот совет им биле потребни само практичари кои ќе придонесат во имплементација на стратегијата во правосудството.
Зошто се изоставени? Караџовски не сака да коментира и да се меша, а Штерјев не сака да шпекулира, дали последните избори во Советот за кои се огласи и американскиот амбасадор влијаеле за ваквата одлука.
„Немам намера да се мешам во работата на Владата на РМ, ниту да ги коментирам нејзините одлуки. Сметам дека тоа е во согласност со уставната поделба на законодавна, извршна и судска власт, кажа Зоран Караџовски, претседател на Судкси Совет“.
„Не знам зошто ниту еден член од советот не е во телото за реформи но веројатно тие што го правеле телото имаат некаква причина и се надевам оправдана“, кажа Коле Штерјев, претседател на Совет на јавните обвинители.
Без коментар и одговор остана претседатлеот на врховниот суд Вангеловски чие име не се најде на листата членови на Советот со кој ке претседава лично премиерот Зоран Заев.
Кој ќе влезе од Врховен во новото тело да ги мониторира судските реформи засега немало конкретни имиња, рече Бошњаковски, но претсавниците ќе се бирале во координација со Владата. Дека Караџовски и Вангеловски нема да бидат членови се наѕираше уште од вчерашната изјава на Заев дадена пред владината седницата кога на новинарско прашање рече дека има промени во составот од она што првично го најави. Рече дека промените се резлултат на дебатата што се разви во јавноста.
И адвокатската комора ке биде застапена со претставник, а не претседателот Додевски кој до пред помалку од една година беше адвокат на екс премиерот Груевкси. Во новото тело ќе членуваат министерот за правда и неговиот заменик, државниот обвинител Јовески, специјалната обвинителка Јанева, правобранителот Мемети, претседателот на здружението на судии Саити, професорките Гордана Бужаровска и Беса Арифи, но и претставници од 4 те апелациони судови и двата Скопски основни.
Елена Ивановска Мукоска