Караџоски да го одбрани извештајот за Судскиот совет за 2017

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџоски не дојде на собраниската Комисија за политички систем да го одбрани Извештајот за работата на ова тело за 2017 година. Наместо него присуствуваше генералниот секретар Анита Андоновска. СДСМ констатира дека извештајот е формален и несуштински и дека во него нема ниту збор за распределбата на предметите во Кривичниот суд и зошто затаила контролата на АКМИС-от.

„Лицемерно е да зборувате за непристрасно и објективно работење, кога сведоци сме да партиското влијание во изминатите 10 години во оваа институција“, рече Анета Симевска Димовска.

Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека се меша во судските постапки а доказ за тоа според нив е застанувањето на премиерот Заев на чело на телото за реформи во судството.

Генералниот секретар на Судскиот совет Анета Андоновска немаше одговор на прашањата на пратениците. Таа само го образложи извештајот посочувајќи дека во изминатат година советот повел постапка против седум судии за нестручно и несовесно вршење на функцијата и дека во 2018 ќе се даваат подршка на судии во ситуации кога е загрозен нивниот идентитет.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ