Караџоски чека на средба со министерката за правда Дескоска

Караџоски три недели чека средба со министерката за правда за реформите во судството. Бара да бидат информирани за активностите на работните групи, задолжени за законските решенија во судството.

Веднаш по изјава на Караџоски со одговор се јави Министерството за правда од каде велат, дека тој бил поканет на средба со министерката Дескоска во првата недела од нејзиниот мандат, за што бил одреден и термин, но на барање на Караџовски средбата беше откажана.

Во текот на вчерашниот ден во Министерството за правда пристигнало писмено барање за средба од страна на претседателот на Судскиот совет, на кое велат, ќе биде уредно одговорено и ќе биде одреден нов термин за средба.

Од министерството велат дека од Караџоски очекуваат да не измислува причини за својата неактивност, бидејќи сите институции треба да бидат свесни за својата одговорност .

Што се однесува до работната група, информираат дека со решение на претходниот министер е формирана работна група за реформи во која учествуваат судии и обвинители, како и лица кои се вработени во Судскиот совет на Република Македонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ