Канчевска Милевска: Лидерите треба да го истуркаат овој процес и да помогнат

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Елизабета Канчевска Милевска повика на заедничка маса да седнат лидерите на двете партии затоа што како што рече „потребен е консензус и одржливо решение што може да се обезбеди со суштински измени на некои работи во договорот“.

„Лидерите треба да го истуркаат овој процес и да помогнат – голема е нивната одговорност за земјата да не остане изолирана и иксрено да се пристапи кон решавање на ова прашање“ кажа Канчевска Милевска.

На говорот на Канчевска реплицираше Јагода Шахпаска од СДСМ која и каже дека доколку вака говореле внатре во ВМРО – ДПМНЕ немало да бидат доведени во ситуација во која се доведени денес.

„Да излезевте на референдум и да гласавте против ќе беше многу помал притисокот, пред се врз вас како опозициски пратеници во оваа ситуација, зошто ние како владејачки пратеници бевме на чисто“, кажа Шахпаска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ