Каналите за наводнување полни со пластика и отпад

Пластична амбалажа, јоргани, детски пелени е сликата во каналите за наводнување на стартот на наводнителната сезона. Вработените од Водостопанското претпријатие Брегалница, секоја сезона се соочуваат со депонии низ каналите, па половина од своето време го трошат во нивно чистење. Лошите навики на населението се опасност за поплавување и на ниви и населени места, најкритично е во подземните канали, но ваквата слика може да причина и за појава на заразни болести.

Водата од акумулацијата Калиманци, која му дава живот на источниот и овчеполскиот регион е пуштена низ системот за наводнување. Сеидбата на оризот е во тек,а годинава се исчистени рекордни 250 километри од мрежата за наводнување.

Системот за наводнување Брегалница е проектиран за наводнување на над 20.000 хектари земјоделско земјиште почнувајчи од виничко, а завршуваќи во овчеполскиот регион. Но, од овој систем се наводнуваат само 8.000 хектари, од кои речиси надполовината се под ориз.

Вторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ