
Камерите и контролата на наплатните рампи поефикасни од „Змиско око“ на МВР
Елиминирање на човечкиот фактор со поставуваање на видео надзор на наплатните станици и спроведување на максимална контрола на финансикото работење на вработените е причината поради која е подобрена наплатата на патарините, смета Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта кое стопанисува со патарините.
Гевгелија – Струмица преку Прдејци и Смоквица, Скопје – Куманово преку Арачиново, Тетово – Гостивар по локалниот пат..Возачите, особено оние кои секојдневно патуваат на овие релации, често ги користат алтернативните патишта, изградени пред повеќе од педесетина години за да ги избегнат патарините. Цените се од 40 до 100 денари колку што се наплаќа на патарината кај Гевгелија.
Директорот Китанов вели дека цените не се произволни туку се пресметуваат по систем од 2012 година чија основа е километар автопат од делницата.
Колку е подолга делницата, толку е повисока цената.
Според документите со кои располага „Телма“ во првите шест месеци од годинава, нд наплата на патарини се инкасирани се 18,2 милиони евра што е за 600 илјади евра повеќе од истиот период лани а до крајот на годината Јавното претпријатие за државни патишта планира да собере 44,7 милиони евра од наплата на патарини.
Денеска во министерството за финансии беше потпишан договор за заем на 13 милиони евра од ЕБОР со кој треба да се воведе електронски систем за наплата на патарините преку картички и токени и моденизација на наплатните станици.
Со проектот се предвидува надградба и модернизација на постојните наплатни станици за патарина долж Коридорот 8, изградба на две патарини на автопатот Миладиновци-Штип и една Кичево-Охрид и поставување на опрема за поврзување на надградените и новите наплатни станици за патарина со оперативниот центар за патарини.
Огнен Чанчаревиќ