Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник

Грчкиот министер за одбрана и лидер на партијата Независни Грци, Панос Каменос синоќа во интервју за грчката телевизија Антена ја повтори својата позиција дека нема да дозволи Договорот со Македонија да помине во грчкиот Парламент со 151 глас.

Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече тој и уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, а во спротивно, зборот ќе го има грчкиот народ. Каменос вели дека Договорот нема да помине и кај нас. Целата процедура според него  ќе трае над две години, и додава дека тој лично не верува дека Албанците „ќе прифатат дека се граѓани на една чиста словенска држава“. Како втор аргумент го спомена ставот на претседателот Иванов.

За Каменос, поканата за Македонија за влез во НАТО која треба да се случи на претстојниот  Самит рече дека таа нема да има никаква тежина и нема да промени ништо во однос на она што се случи во Букурешт или во 1999, објасни Каменос.

Запрашан за тоа што ќе направи доколку на Самитот на НАТО на 11 јули биде повикан да ја потпише поканата за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса, Каменос рече дека никој нема да биде повикан да потпише нешто, ниту тој, ниту Коѕијас, ниту Ципрас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ