
Каменос: Македонија нема да стане членка на НАТО
Министерот за одбрана на Грција и коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос, не отстапува од ставот, дека Македонија нема да стане членка на НАТО, а Договорот од Преспа нема да се имплементира. Каменос од Самитот на НАТО во Бриселе изјави дека Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира затоа што нема да помине ниту во грчкото собрание.
„Може да собираат покани и да се сликаат, но во НАТО нема шанси да влезат се додека го користат терминот Македонија“, рекол Каменос пренесува грчката агенција АНА- МПА.
Во однос на тоа кога ќе се одржат избори во Грција рекол да не очекуваат избори бидејќи „сѐ додека скопското прашање не е дојдено во Парламентот, изборите ќе се одржат на крајот од четиригодишниот мандат“.