
Каменос: Без разлика на исходот од референдумот, последниот збор ќе го има грчкиот народ
Каков и да е исходот од референдумот, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ или на референдум или на избори, рече коалициониот партнер во грчката влада и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, уште еднаш повторувајќи ги неговите позиции, но и откривајќи ги следните негови чекори откако Македонија би ги завршила предвидените обврски. Првиот негов предлог би бил да побара референдум за грчкиот народ сам да одлучи за Догворот од Преспа, втората опција вели дека е која било одлука и расправа во парламентот да се префрли по завршувањето на мандатот на оваа влада, и третата е распишување на избори.
Лидерот на Независни Грци, одговарајќи на новинарски прашања на Саемот во Солун, објасни дека било во интерес на соседите „да ги прифатат грчките позиции“, бидејќи Грција сака да помогнеме и економски, „но не може да се фалсификува историјата и да се употребува името Македонија“.
„Ниту македонски националност постои, ниту македонски јазик постои, говорите словенски“, рече Каменос.
На прашањето дали можеби за него, најдоброто решение е нерашавањето на проблемот. Рече дека ако решението е отстапување на терминот Македонија, тогаш може нерешавањето да е подобро решение.