Камчев нуди имот вреден 14 милиони евра за да излезе од притвор

Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега, дознава Телма. Нашите извори велат дека станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали  Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Мислење треба да даде и СЈО.

Минатата недела на Камчев му беше продолжен притвор за Империја за нови 30 дена. Имотот и врските со странство беа дел од причините поради кои судот му го продолжи престојот во Шутка и оцени дека има и опасност од бегство но и можност да влијае на сведоци. Неколку дена подоцна има нов предлог – заложен имот процененет на 14 милиони евра како билет за излез од притвор. Ова е најголемата сума што до сега некој ја понудил како гаранција во судот, барем според тоа што е објавено во јавноста.

Судот треба да се произнесе и за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кој  неделава исто така понуди гаранција. Три недвижни имоти процененти на 1 милион евра станбен и деловен простор.

Мијаков и Камчев се дел од новата истрага на СЈО Империја заедно со уште 11-мина осомничени за повеке дела Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, измама и перење пари. СЈО пресмета штета на Буџетот од најмалку 6 милиони евра евра, но и дека биле испрани 11 милиони евра и најавуваше и проширување на истрагата. Судот го замрзна и имотот на Орка холдинг  и Ексико.

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ