Камчев не се сеќава дека зборувал со Трајковска за апсењето на Бошковски

Орце Камчев не се сеќава дека зборувал со новинарката Оливера Трајковска кога било апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година.

Зборував по телефон тој ден, не е забрането да се зборува за криминал, одговори Камчев на прашањето на обвинителот Љубомир Лапе. Тој за прислушуваните разговори рече дека можеби се сечени, лепени и монтирани.

Претходно, пред судот беше сослушана новинарката Оливера Трајковска.

На прашање од обвинителот Лепе, таа рече дека и во обвинителството потврдила дека снимката од нејзиниот разговор со Јордан Камчев е автентична, како и дека во однос на снимките кои ги слушнала во обвинителството нема особено што да додаде за настанот за случајот „Тортура“.

– Зошто се сеќавам живо на разговорот од снимката е зашто тоа е ден после изборниот резултат и победата на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да разберете дека не ги помнам датумите, туку ги помнам настаните, кои како новинар ги сметам за интересни, рече Трајковска.

Од разговорот, како што наведе, може да сведе дека откако ги споделува нејзините согледувања за резултатите, Камчев и кажува дека за околу еден час ќе се случи нешто интересно.

Камчев во судот беше повикан како сведок во случајот Тортура на СЈО за нехуманиот однос при апсењето на Љубе Бошковски, во кој провобвинет е тогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ