
Камчев не посочил политичари, освен премиерот Заев кај кого ја пријавил изнудата
Мисториозно дојде и си замина од распитот во Обвинителството но помогнал на истрагата. Орце Камчев вчера бил повикан на дополнителен распит за случајот „Рекет“ бидејќи Рускоска и нејзиниот тим сметале дека има неодговорени прашања кои можат да помогат во натамошниот тек на работата на обвинителите. На распитот, Камчев не посочил политичари инволвирани во изнудата, освен премиерот Заев за кого нагласил дека е човекот кај кого го пријавил ртекетот од двоецот Јовановски – Милевски.
И поранешниот генерален директор на Т-Мобиле Жарко Лукиовски по стапките на бизнисменот Орце Камчев. Утрово тој тајно и без најави, по втор пат, се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал, овој пат да го дополни својот исказ даден во текот на истрагата. Од обвинителството потврдија и додадоа дека и тој како и Камчев има својство на сведок во случајот.
Сепак дали сведокот Луковски дал пари на рекетарскиот двоец или пак дошол да го негира кажаното на Боки 13 во објавените снимки каде вели дека од Обвинителството не појаснуваат. Во една од снимките кои ги објави италијанскиот „Ла Верита“ Јовановски го уверува Камчев дека Луковски „завршил работа во СЈО и во Влада“ околу случајот „Базни станици“ каде е осомничен за криминал тежок околу 3,5 милиони евра а кој го води обвинителката Лиле Стефанова.
Од СЈО се децидни- истрагата против Луковски е активна и се испитува зошто ја ангажирал фирмат Бетон АД Скопје за легализирање на дивите базни станици, иако Т-мобиле имала свој тим кој можел да го заврши истиот процес три пати поефтино.
Кога клучниот играч во случајот „Рекет“ ќе биде донесен на распит, Рускоска повторно не откри.
Во рамките на истрагата за случајот „Рекет“, покрај Камчев и Луковски искази дадоа тројца обвинители од СЈО, притворените Јанева и Милески и бизнисменот Азманов.
Огнен Чанчаревиќ