Камчев и Трајковска сведоци за „Тортура“

Бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска, ќе сведочат на наредното рочиште за случајот „Тортура“, односно за апсење на Љубе Бошкоски, во кој еден од обвинетите е Сашо Мијалков, екс директорот на УБК.

Овие сведоци се повикани бидејќи беа објавени „бомби“, во кој разговараат за апсењето на Бошкоски.

Покрај Камчев и Трајковска, СЈО за сведок го бара и Иво Котевски, поранешниот портпарол на МВР.

На денешното рочиште сведочеа четворица вработени во МВР, кои немаа детали за акцијата.

Наредното рочиште ќе се оддржи на 30 јуни.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ