
Камчев и и Панделески од Шутка во домашен притвор
Од истражниот затвор Скопје во Шутка во текот на денот е можно да излезат поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на влада, Кирил Божиновски, обвинети во предметот „Титаник 1“. За нив, СЈО даде позитивно мислење, односно се согласува мерката притвор да им се замени со мерка куќен притвор.
По речиси два месеци поминати зад решетки, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, осомничени во предметот „Империја“ на СЈО, синоќа излегоа од затворот во Шутка. Откако СЈО одговори позитивно на нивните жалби, апелација им одреди куќен притвор.
Телма дознава дека гаранцијата што ја нудеше Камчев во имот вреден 14,5 милиони евра нема да биде активирана. Судиите не ја прифатиле, бидејки не биле исплнети законски услови според кои за да биде некој пуштен од притвор со гаранција треба да постои само опасност од бегство, а не и влијание врз сведоци, како што е во случајот со Камчев. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор. Тој поднесе гаранција од еден милион евра, но СЈО се уште нема дадено позитвно мислење за неговата жалба. За притворот на Мијалков ќе одлучува Кривичниот совет на Основниот суд.