
Камчев добил времен пасош на шест месеци
Бизнисменот Орце Камчев осомничен во Империја барал времен пасош поради неодложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази информираат од судот. Побарал пасош со во траење од 8 месеци за штои СЈО дало и позитивно мислење а судот му одобрил за шест, велат од Кривичен.
- Уште еднаш потенцираме дека согласно член 144 ст. 2 од ЗКП судот нема можност да не почитува согласност или предлог на надлежен обвинител и да изрекува потешки мерки за обезбедување присуство ако истата цел може да се постигне со поблаги мерки, па во таа смилса и постапувал. Затоа ја информирмаме јавноста дека судот постапувал исклучиво според законските одредби како и мислењето дадено од надлежниот обвинител, а што се однесува до мерката за обезбедување присуство определна со решение на Апелациониот суд – Скопје, односно одземање на двете патни исправи на осомничениот, истата сеуште е активна и двете патни исправи се депонирани во судот.
Специјалната обвинителка Катица Јанева пак посочи дека СЈО дава само мислење а судот е тој што одлучува дали ќе го врати пасошот. Дала позитивно мислење бидејки требало да присуствува на Управен одбор во странство. Јанева потенцираше дека презумпцијата на невиност во овој случај е многу важна:
- Додека не се осуди чове, секој е невин и мора да дозволиме проток на финансии на сметки на правните лица на осомничените да продолжат, бидејки се работиза многу вработени кои треба да земат плата и надоместоци а се работи и за пациенти. Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев, во смисла да го бранам, сметавме дека е потребно да се даде пасош бидејки истрагата во целост во делот на финаиската документација е прибрана и се анализира во овој момент. Соработуваат и адвокатит и другите осомничени, објасни Јанева.