Камчев: Боки 13 кум на „Империја“, обвинителките на СЈО – хиени

Камчев и Јанева конечно влегоа во иста судница, но ги сменија улогите. Бизнисменот кој беше осомничен во нејзината истрага Империја сега сведочеше против неа но и нејзиниот пријател Бојан Јовановски.

До детали ги опишуваше средбите на кои Боки барал пари од неговата сопруга Ана Камчева додека тој бил во притвор, а често на спикерфон била Јанева вклучувана.

Кога излегол од притовор барањето пари продолжило и секогаш на линија била обвинителката.

Само еднаш во просториите на СЈО додека бил на распит, имал директен контакт со неа кога таа му рекла да ги исполни сите барања на Боки 13. 

Но Камчев смета дека случајот Империја на СЈО е креиран за да тој биде рекетиран, ама дека Катица Јанева не е сама во тоа.

Ја посочи обвинителката која ја води истрагата Империја дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец се обидела да издејствува пари од него за ординација на нејзината керка.

Сведочеше дека вклучен бил и братот на судијката Весна Димишкова која му го одреди притворот. Адвокатот Васил Димишков му открил дека има пим мерки и барал 100 илјади евра за да биде соработник.

Така според него на обвинителна клупа би требало да седнат уште тројцата кои според него заедно му го креирале случајот Империја.

Името сепак го дал Боки 13.

Во судницата Бојан Јованоски се обиде преку прашања да го натера Камчев да признае дека сепак тој го наведувал да му ги даде парите. Откри дека поднел тужба за шпиунажа против него оти без да знае бил сниман.

Преку прашањата го наведе да открие дека на една од средбите на кои му било понуден проект на Камчев, присуствувал и министерот за здравство Венко Филипче.

Адвокатот на Бојан Јовановски не го коментираше сведочењето. Без зборови замина и Катица Јанева, за која Камчев негираше дека директно барала да биде соработник во истрагата.

Инаку според Камчев сите кои имале реклама на 1ТВ биле рекетирани.

Во сведочењето ги спомена неколку бизнисмени кои за жал како што рече не се охрабриле да признаат.

Денеска како сведок требаше да се појави и неговата сопруга но поради покачена температура е повикана на следното рочиште.

Инаку случајот Империја сега е во рацете на истата обвинителка Стефанова а доделен и е од државниот обвинител Јовески.

Истиот кривичен суд каде денеска сведочеше на Камчев не му го прифати барањето да му биде укината мерката за претпазливост бидејки е осомничен. 

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ