
Камбовски : Законот за ЈО не е прашање на политички договор
Крајно проблематично е одолговлекувањето на законот со кој СЈО треба да се инкорпорира во ЈО смета академик Владо Камбовски.
Ги предупреди пратениците дека не можат со политички да си договараат каков сакаат закон туку треба да носат закони што ги изразуваат темелните начела на современото право.
Не може да постои ефикасен правен систем со постојани изигрувања на законите и амнестирање на криминалот, додава Камбовски.
На политичарите им порача дека мора да ги слушаат правните експерти и практичари кои со месеци го подготвувале законот што сега минува низ филтрите на политиката.
По повекемесчните преговори мегу политичарите за законот за ЈО и застојот во последно време, опозицијата смени тактика и најави дека месецов ке достави до власта свој предлог закон.
Министерката за правда одговори дека ке прифатат предлози кои значат подобрување на досегашниот текст но не и скриена амнестија.
Претседателот на МАНУ,Таки Фити, ја потенцира важноста на овој закон за преговорите со ЕУ но и за тоа дека е важно да се донесе квалитетен закон.
Власта очекува до септември да се одговори со опозицијата и да биде конечно изгласан законот.
Тогаш истекува мандатот на специјалната обивнителка Катица Јанева.
Елена Ивановска Мукоска