Камбовски: Владата морала да го заштити земјиштето спроти Холидеј Ин

Калдрма, септички јами и руинирани куќи со иселени сопственици кои, пак, чекаат инвеститор. Сега ова се белезите на едно од скопските маала. Ново Маало одамна, е старо, запоставено и руинирано, а повеќе од пет децении живее со ветување дека ќе се урбанизира. Низ овие улички се шетаат и луѓето кои нудат станови, и дуќани во замена за имотите. Црквената фирма „Обновители“ и партнерот бизнисмен Зоран Антиќ со М.Г. „Фешн“ докупувајќи државно земјиште станаа соседи на овдешните жители.

Паркингот сега е во раце на бизнис дуото кое според планот на Општина Центар може да најде инвеститор и да гради 60- катница на една од двете парцели кои ги поседува, а овдешните жители да останат во немилост, и во бучава од градежната механизација. Но, не можат да градат бидејќи ДУП-от е под мораториум, и чека ревизија. Сепак, тоа не било пречка за Министерството за транспорт и врски да им продаде 9.000 градежни метри по ценовник напишан од Владата. Оттука и прашањето на академикот и правник Владо Камбовски зошто министерството за транспорт се однесувало невнимателно и не се изборило за повисока цена на најатрактивното земјиште во Скопје.

Понатаму, Камбовски заклучува дека сиот период независност на Македонија урбаната мафија вршела општа криминализација најмногу во Скопје. Профитирале сите, а се уништува и последниот квадрат зеленило, оценува Камбовски со барање за целосен законски мораториум за градба во Скопје.

Кога сите очекуваа приватни фирми или богати поединци да објават дека ќе градат, град во град како на просторот на стариот скопски саем, интерес за ова земјиште и негово купување објави фирма на МПЦ. Но, тоа не надвор од законот, МПЦ да располага со 2,3 милиони евра и да го штити сопствениот интерес, вели еден од нивните адвокати.

Додека Општина Центар бара начин со идна ревизија на ДУП-от како да ги задоволи очекувањата на граѓаните кои бараат парк и зеленило, и овдешните жители кои очекуваат нови домови, сопствениците на земјиштето, пак, трагаат по инвеститор. Двете фирми немаат повеќе средства на нивните сметки, бидејќи никогаш не остварувале профит или работеле според дејноста градежништво.

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ