
Калајџиев: СЈО не треба да се згаснува поради Катица Јанева
Судбината на Катица Јанева не треба да го следи и СЈО смета професорот по кривично право Гордан Калајџиев кој не се согласува со тоа дека без Катица Јанева не треба да постои СЈО. Со последниот предлог закон , СЈО се закопува уште пред да му истече мандатот иако до вчера имаше консензус дека да му се продолжи мандатот како посебна институција вели Калајџиев . Претопувањето на СЈО и и организиран криминал во едно обвинителство за организиран криминал и корупција за Калајџиев не е лошо решение.
-Како идеја е во ред. Подобро е да има едно едно наместо две обивнителства но со ова де факто се згаснува СЈО на сметка на редовното јавното обвинителство. Не сум убеден дека има консензус за тоа. Досега идејата беше СЈО да продолжи, по инцидентот каков што е, е малку чудно дека со пропаѓањето на Катица како специјален обивинител, целиот концепт треба да се закопа, тоа за мене е неприфатливо. Правно е многу проблематично дали законот за СЈО може да се закопа пред истек на мандатот. Не ми се допаѓа идејата поради Катица, СЈо да се закопа, изјави Гордан Калајџиев, професор по кривично право.
Со овој предлог новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција ќе има помала автономија од СЈО. Бомбите како докази во оваа верзија воопшто не се споменуваат што Калајџиев го оценува како позитивно бидјеки вели на доказите и на судбината на истрагите отворени по рокот од 18 месеци не им е место во овој закон.
– Според мене, ако остане овој речник судбината на тие истраги ќе зависат од судовите а не од законот, како преходно, вели Калајџиев. И бомбите не се спомнуваат и тоа е добро бидјеки тие беа погрешно уфрлени на нечие политичко барање и правната фела беше јасна дека тоа прашање не е за во тој закон, вели Калајџиев.
Професорот смета дека е грешка владата или премиерот да решава кој ќе биде на чело на новото обвинителство бидејки тој обвинител всушност треба да се бори со висока корупција со актелната власт.
Калајџиев забележува дека среде лето и за време на одмори е направен драстичен пресврт во концептот на СЈО и тоа без да се консултира правната фела и невладините
Тој оценува дека номотехнички овој закон е подобар од преходниот но изрази сомнеж дека можел да биде изготвен за неколку дена, по оставката на Јанева, поради што отвора и дилема дека на оваа верзија се работело и од преходно.
Елена Ивановска