
Како работат скопските општини – секој четври тендер се поништува
Илјада и осумдесет и две јавни набавки тешки 38 милиони евра склучиле осумнаесетопштини од скопскиот регион во текот на минатата година, дел од нив во четири очи дел од нив на екетронско наддавање, а секој четврти тендер бил целосно или делумно поништен, покажува истражувањето на задружението на еконсмки новинари и Центар за граѓански комуникации.
Гледајќи ги десетте најголеми јавни набавки за секој општина одделно истражувањето покажало дека во дванаесет општини , во најмалку три набавки, имало дискриминаторски елементи во тендерските документации поради кои се ограничувало учеството на фирми.
Планирањето на набавките кај општините е различно, па така само две општини Петровец и Кисела Вода ги реализирале сите набавки. Најслаба реализација имаат општините Сарај и соседната Ѓорче Петров. Кај две општини, Шуто Оризари и Бутел имало 89 односно 48 отсто измени во планот што покажува дека тој не бил добро направен или пак имало голем број на непредвидени набавки.
Голем дел од општините ги фаворизираат малите набавки, до 20 илјади евра и тогаш ја фаворизираат постапката за прибирање на понуди а не електронска аукција. Петровец, Зелениково и Сопшиште се трите општи кои сите набавки ги спровеле на овој начин.
Минатата година општините склучиле 27 договори за јавна набаавка без да објават оглас а вкупната вредност е 778 илајди евра.
Марија Георгиевска, претседател на Здружение на економски новинари
Инетересно е што во 2018 година делумно или целосно биле поништени 254 набавки или во просек секој четврта.
Марија Георгиевска, претседател на Здружение на економски новинари
Истражувањето покажало дека во некои општини се јавува фирма која ги добива најголем број од набавкикте. Така во Општина Арачиново дури 65 отсто од набавките ги добила тетовската фирма „Еуро Инвест“ а во Чулчер Сандево скопшската „Вардар Градба“.
Кога станува збор за транспарентноста на Општини при јавните набавки сведочи фактот што ниту една општина во скопскиот региоон не ги објавува огласите на своите веб страни.
Огнен Чанчаревиќ