Како општините да повлечат повеќе средства од ЕУ фондовите?

Патот до европските пари не е лесен бидејки процедурите се комплексни и бирократски комплицирани.Словенечките искуства покажуваат дека за нивна поголема искористеност во земјоделието неопходно е знаење, пренос на искуства но и конкретна помош од државата а во тој процес според словенечкиот амабсадор во македонија Милан Јазбец треба да се вклучат и општините.

„Пред се е важно општините да се насочат кон повлекување на ИПАРД средства бидјеки програмата овозможува реализирање на голем број мали проекти од 10 000, 20 000 до 50000 евра. Има доста средства во Македонија и тие досега беа претежно неискористени што е штета бидејки тоа е најконкретен начин како да им се помогне на луѓето на терен“, истакна Милан Јазбец амбасадор на Словенија во РМ.

На македонскиот аграр според првиот човек на платежната агенција му е неопходно модернизирање кое ќе се одвида паралелно со прилагодувањето кон европската регулатива. Затоа е најдобро земјата да се фокусира на правење квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи на преработувачката индустрија да повлече повеќе пари.

„Интересот е голем и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија, а тоа го потврдува и бројот на апликации кои на првиот повик од ИПАРД 2 достигна 1.648. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ“, потенцираше Никола Бабовски дир. на платежна агенција.

Досега за ИПАРД 2 програмата се потпишани над 100 договори и тоа најмногу во преработувачката индустрија и за обнова на змејоделската механизација. До 2020 год, Македонија на располагање има вкупно 80 мил евра за земјоделството од кои 60 мил се европски пари а 20 мил се домашна поддршка.Досега искористеноста на ИПАРД средствата беше 17 % а причината се лоцира во неинформираност, слаба екипираност и  едукација на земјоделците

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ