Како Катица Јанева добила боледување?

Како Катица Јанева добила боледување? Таинственоста околу боледувањето на специјалната обвинителка го испровоцира пратеникот Антонио Милошовски кој е пак еден од осомничените на Јанева.

Милошовски на фејсбук профилот објави фотографија од лекарска книга каде се одобрува боледување за Јанева.

Лекарот не го објавил, ама со дијагнозата која ја добила Јанева калкулира. Денеска беше на комисија во Собрание ама не сакаше да даде изјава од каде му се информациите, дали се релевантни и како ќе одговори на обвинувањата дека се работи за изнесување на лични податоци.

 “Би и дал шанса на обвинителката и на ФЗО да потврдат, демантираат и објаснат како се добива 30 денови боледување без лекарска комисија. Злоупотреба е незаконското боледување, што создава сомнежи дали е реално или наменско” – вели Милошовски.

Телма се обиде да истражи од кој специјалист е дадено боледувањето за Јанева и дали е извршена можна злоупотреба.

Дел од телефонските броеви на останатите пациенти од лекарската книга не се избришани па се обидовме да прашаме каде се лекувале. Еден беше недостапен, а вториот рече дека нема никаква врска со Јанева и исклучи.

Дел и од нивните дијагнози се оставени па според нив можно е да се работи за клиниката за психијатрија. Од таму не откриваат детали за можни пациенти, но велат дека во зависност од дијагнозата пациент секако дека може да добие боледување.

Не одговараат ниту за веродостојноста на документот ниту пак за тоа зошто е прекинато боледувањето после само една недела кога е одобрено за еден месец. Од лекарската комора велат дека за стручен надзор за работата на некој доктор потребно е да има барање.

За сега можната злоупотреба на боледувањето не ја истражува ниту фондот за здравство со објаснување дека надлежноста до една недела боледување ја има работодавецот.

А токму спорен е работодавецот на СЈО. За Милошовски таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка за неопределување на мерка притвор или за градење на историја на болест за можен судски процес.

Инаку јанева отвори боледување во ист ден кога даде оставка од функцијата и кога беа уапсени Боки 13 ка и Зоки Кичеец за истрагата која се врзува и со нејзиното име.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ