
Како до храна да дојдат сите сиромашни
Дванаесет години е на улица, не сака да зборува како се нашол во ваква состојба, вели, недоразбирање со семејството. Камбер Бајрамов сега има и здраввствени проблеми, со вграден стент на срцето се бори со сиромаштијата, студот, недостигот од храна. Пунктот на Црвениот крст во Момин поток, за кој разбрал од пријатели, му помогнал во овие тешки моменти, но уште стравува до кога тука ќе може да остане.
Тука имаме се, креветче, храна, топло, но друго не мачи, не знаеме до кога ќе сме тука. За тоа не се виновни вработените во Црвениот крст, тие многу ни помагаат, се ни обезбедуваат, ама не знаеме до кога ќе останеме, утре може ќе треба да излеземе, пак да се најдеме на улица, вели Камбер Бајрамов, бездомник.
Бајрамов е еден од 460-те илјади граѓани во земјава кои според статистиката имаат проблем како да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. Од друга страна, илјадници тони, или 30 отсто од храната што се произведува или увезува, завршува на буниште. Невладината Ајде Македонија со иновација, за неа има поддршка од Фондот за иновации и Министерството за труд – ќе работи на одржливо системско решение, кое користејќи ги вишоците, ќе овозможи многу повеќе граѓани од сега да добиваат храна.
Понатаму ќе биде кампања за подигнување на свеста на компаниите, надоградна на технолошко решение во форма на веб платформа и други активности. Дистрибуцијата и подготовката на храна ќе се прави од странба на граѓанските организации кои ќе ја доставуваат храната до 510 социјално загрозени граѓани воп Куманово, Прилеп и Скопје, ова ќе овозможи да се добијат попрецизни информации како да се направат идните инвестиции во едно сериозно системско решение, вели Блаже Јосифовски, Ајде Македонија.
Храната ќе доаѓа од производители, дистрибутери, угостителските објекти и пекари, апел до сите компании да ја покажат својата хуманост. Еден од партнерите, Црвениот крст, со надеж дека крајното решение ќе функциониора на терен.
Ќе се вклучат 4 категории граѓани, бездомници, социјални случаи кои сами ќе ја готват храната, стари лица и стари лица кои не можат да готват сами и ќе добиваат топол оброк, вели Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен Крст на Град Скопје.
Ќе има и компанија задолжена да обезбеди гаранција за соодветни протоколи за безбедност на храната, вели Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Министерката Цароска признава дека потреба за храна имаат многу повеќе луѓе од оние што ја добиваат, со проектот „сите сити“ се очекува да се опфатат над 11 илјади граѓани.
Во Македонија, хранењето и дистрибуцијата на храна на оние кои не можат да ја добијат сега ја правиме преку Народните кујни, кои ги финансира МТСП, и преку граѓански организации, но тоа се уште е какафонично и не ги дава потребните резултати, бидејќи преку тој систем се хранат 4000 луѓе, а недостиг имаат многу повеќе, вели Мила Цароска, министерка за труд и социјална политика.
Преку пилот проектот, за кој ФИТР обезбеди 2 милиони денари и ќе трае една година прво ќе се опфатат три градови во земјава, со цел ова да прерасне во трајно решение.
Нина Нинеска-Фиданоска