Како да се пронајдат и вратат парите стекнати со економски криминал?

За да може успешно да се пронајдат и вратат пари стекнати со економски криминал, обвинителите треба да се добро едуцирани а судиите да се многу добро подготвени за судски процес, смета професорката Сунчана Роксандиќ Видличка, професорка на правниот факултет во Загреб. Најважно е да се детектира колку пари се извлечени на кој начин и кога се изнесени од државата а за тоа најдобро можат да помогнат финансиски истражители посочува професорката.

„Ние имаме посебно обвинителство за вакви предмети особено ако се направени заедно со кривични дела за службени лица. Некои европски земји имаат посебни судии и посебни обивнители затоа што е специфично и има потреба судиите или обвинителите да бидат бидат едуцирани бидејки од другата страна имаат пред себе огромно трговско друштво или многу добри економисти кои знаат модус операнди како се прави кривично дело и да се борите против тоа и за да не бидат обвинети погрешни лица,  треба точно да се дектектира кога и како настанала поврдата односно протви правното дело“, вели професорката.

Според официјално објавените податоци во Хрватска за 2017 од 129 обвинети одземена е имотна корист од 26 милиони евра, што е за 47 проценти повеќе од износот за претходната година. Преку конфискацијата на имот стекнат во еконосмки криминал, не само во Хрватска туку и други европски земји, се враќаат речиси најголеми суми на пари во буџетот. Сепак некогаш има проблем да се одземе замрзнатиот имот вели професорката од загребскиот правен факултет.

„Ние некогаш имаме проблеми иако имало замрзнување на имот, некогаш не се успева да се дојде до износот кој треба да биде вратен во буџетот а тоа е нешто што ни користи на сите нас, бидејки тоа се пари кои треба завршат во буџетот. Прво прашање е каде се парите еве. На пример со случајот „Санадер“ кој сега повторно се враќа на судење, да не навлагам во детали кој се е обвинет, одреден износ кој требаше да биде вратен се уште не е вратен. Иако имаше правосилна пресуда сега оди повторно на судење, па повторно ќе се чека правосилна пресуда“, вели професорката Роксаниќ Видличка.

Професорката Видличка се залага најтешките облици на економски криминал да не застаруваат а основот за овој нејзин предлог го наоѓа во Конвенцијата на ОН за борба против корупција. Таа деновиве престојуваше во Скопје и држеше предавање на македонски судии за транснационален економски криминал.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ