Како да опстојат потребните занаетчии?

Обемната сметководствена евиденција, сивата економија и нестручниот кадар им создава бројни проблеми на малкуте занаетчии преостанати во државава. Бараат поголема поддршка од владата во делот на царинските олеснувања, бидејки нема развој на мали и средни претрпијатија, велат тие без занаетчиство.

„Средните стручни училишта вадат деца кои се исклучително добро едуцирани, но не и практично потковани. Ние како работодавачи ги плаќаме по година до година и пол, а за возраст не добиваме ништо. Кога ќе ги научиме, ќе отидат да работат на друго место“, вели Никола Петров од занаетчиската комора.

Во земја како Македонија во која нема голема индустрија, императив е развојот на малите и средни прептријатија. Во Македонија постојат околу 5.000 занаетчии, најчести се златари, фризери, козметичари но изумираат оние кои се преплавени од кинескиот пазар.

„Занаетчии не се бутици или тие што ставаат ракија во чашата, туку производители. Императив е развојот на фирмите. Родителите да сфатат дека занаетот нема да го збогати детето ама нема да го остави без леб, во секое време има работа за занаетчиите“, вели Петров.

Поради ваквата состојба, дел од занаетите кои не им се потребни на граѓаните полека изумираат, како што се самарџиите или опинчарите, но недостигаат водоводџии, паркетари, електричари, часовничари. За најуспешните занаетчии денеска за прв пат по 55 години, беа доделени мајсторски дипломи.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ