
Како буџетот на Министерство за одбрана за референдумот ќе влијае врз армијата?
Ниту еден денар наменет за армијата и војниците не е дел од 60-те милиони денари кои Министерството за одбрана може да ги издвои за кампањата за референдумот, вели министерката Шекеринска. Тим на одбраната и на АРМ денеска се сретна со компании во рамките на техничкиот дијалог за две големи набавки за македонската војска.
Министерството за одбрана ги отвори двете набавки на неборбени возила и на инжинериски машини. Тие ќе бидат за потребите на АРМ. Претставници на армијата и на министерството денеска во процесот на технички дијалог се сретнаа со фирмите кои се заинтересирани да учествуваат на тендерот. Главно увозници на автомобили се интересираа и препорачуваа како да се подобри документацијата. Од стопанската комора велат дека ваквиот пристап е добар за квалитетот на јавните набавки.
Министерката пак. убедува дека одлевањето на еден милион евра од одбранебениот буџет за информативната кампања за референдумот нема да влијае врз набавките за војската.
По реакциите на независниот синдикат дека нема превоз за сите професионални војници и не се исплатуваат сите надоместоци, таа тврди дека досега се најдени превозници за 40 линии за потребите на АРМ, а уште 5 не биле избрани поради обидот на превозниците со скапи цени да го освојат превозот на војниците.
МИОМИР СЕРАФИНОВИЌ