Кај Кичеец“оружје, а кај Боки 13 одземена брендирана гардероба

Компјутери, часовници, скапоцена гардероба. Неформалниот „газда“ на 1тв имал и уметнички слики во својата канцаларија додека неговиот сооучесник и осомничен во рекетирањето на скопски бизнисмен вмешан во предметот на СЈО – „Империја“ криел оружје и муниција. Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец завршија во истражниот затвор во Шутка. Судот им даде 30 дена, а затворот Боки 13 го смести во „хашката“ соба. Од граничен премин, преку полициски станици, Јовановски и неговата скапа чанта доцна синоќа пристигнаа во кривичниот суд. Со заробени раце, но слобода на говор, Јовановски се соочи со неговиот правен гонител на патот до Шутка.

Обвинителката Русковска вели дека не лаже, туку се сомнева и ќе се обиде да докаже дека Јовановски и Милевски изрекетирале 1,5 евра од бизнисмен кој сам пријавил дека е мета на оваа група, а за парите му нуделе “врски“ кај  обвинител на СЈО каде што тој е предмет на истрага. Обвинителите и полицијата не застанаа кај Јовановски и Милевски ,а ноќтта ја посетија и специјлната обвинителка Катица Јанева чиј што телефон беше одземен.. Денеска е недостапна, а истражителите ќе бараат повици заради поврзаност со групата која рекетирила. Дали ќе се проширува истрагата според  Русковска ќе покажат аудио и видео снимките кои ги поседува обвинителството.

четири милионскиот проект од државни средства СЈО денеска осамна во неизвеност дали нивната шефица е или не е вмешна во скандалот со рекет. Обвинителите ги одбегнуваа камерите на медиумите, а дел до нив на работа доаѓа  преку гаражата на објектот. Додека јавноста, пак,  бруи дека Јовановски бил во друштво и на пратеници кога рекетирал,  таквите тврдења ги отфрли доскорешниот генерален секретар на партијата на власт Александар Кирацовски.

„Никаква поврзаност немам со овој случај. Убаво е што се отвори истрага и се надевам дека до крај ќе се заврши за да се дознае кој што правел.“

Обвинителството денеска останува само на Јовановски и Милевски,  и нема повикано други лица на разговор. Скандалот со рекетот на Јовановски и Милевски води до осомничени лица во предметот „Империја“ објавен ланската есен меѓу кои е Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, и десетмина други дека злосотрнички се здружиле и переле пари, злоупотребувајќи ја службената положба. Орце Камчец и Мијалков добија притвор ,а веста пред кривичниот суд ја соопштија КАтица Јанева и обивнителката Лиле Стефанова. Без посебна најава, СЈО, на 27 декември лани, од судот побара за Камчев, Мијалков и Панделески, затворскиот притвор да им се укине и да им биде одреден домашен притвор. Тоа и се случи. Јанева тогаш изјави дека за тој случај ги собрале сите докази и дека се ослободени, бидејќи не можеле повеќе да влијаат на истрагата. Неколку недели подоцна и домашниот притвор им беше укинат, а им беа вратени и личните исправи.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ