Кај гевгелиското село Смоквица откриени 83 мигранти

Македонската полиција денеска кај село Смоквица пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 малолетни лица, во возило влекач сопственост на фирма и управувано од гевгеличанец.

МВР соопшти дека утрово во 8:10 часот во близина на село Смоквица полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречиле криумчарење мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 83 илегални мигранти од кои 11 малолетни лица. Десет од малолетните лица се од Пакистан и еден од Авганистан, додека меѓу 72-та полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан.

Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ