Кај 3 деца лекарите не откриле дијабетис, едно се бори за живот на КАРИЛ

14 годишно девојче од Охрид се бори за живот на клиниката за интензивна нега во Скопје. Родителите дознале дека има дијабетис откако и се влошила здравствената состојба и паднала во кома. Од асоцијацијата на деца дијабетичари се сомневаат дека лекарите во Охрид не успеале навреме да го откријат труењето на организамот предизвикано од дијабетисот.

Девојчето е приклучено на апарати за дишење. Дијабетисот и е констатиран во болницата во Охрид, но отровите во крвта и ја влошиле здравствената состојба.

И девојчето од Охрид и уште едно двегодишно, и 4-годишно дете неделава биле хоспитализрани на детската клиника со дијагноза дијабетис коишто на тежок и опасен начин дознале дека се болни.

Дали децата биле правилно и навремно лекувано одгвор треба да даде државниот инспекторат за здравство.

Децата се од Охрид, Гевгелија, Свети Николе, градови кои немаат доволно медицински кадар, а уште помалку обучен за специфични и ретки заболувања, но во Македонија секој десети боледува од различни форми на дијабетис и е недозволиво лекарите да не можат да ги препознаат симптомите укажуваат од Асоцијацијата на пациенти.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ