Кахрамани: БЕСА отвора ново историско поглавје на политиката во Тетово

Членовите на централното раководство и на централниот совет на БЕСА кои го подржуваат и го изгласаа Неџбедин Кахрамани за претседател на БЕСА, вечерва отворија седиште на партијата во Тетово. Кахрамани пред присутните истакна дека  новото седиште ќе биде отворено за сите граѓани а не за одделни кланови или одредена група на луѓе.

„Во ова ново седиште ќе комуницираме со сите тие кои до вчера не беа пожелни во БЕСА. Од вечерва БЕСА отвора ново историско поглавје на политиката во Тетово. Овие простории не се на одделни кланови, реони или села, туку канцеларијата на БЕСА е за сите граѓани. БЕСА е народот и е во служба на народот и секој е дел од БЕСА како јас така и секој член на централното раководство. Поделбите не се посакувани од никого, но кога ставот е различен, поделбата е неопходна. Имаме тука гости кои досега поради одредени поединци не нашле место во БЕСА. Но од денеска ви ветувам, дека во БЕСА ќе има место се сите“.

„Апелирам да не се занимавате со минатото и да се фокусираме на работите кои не очекуваат. Имаме внатрепартиски избори и организирање на конгрес. Треба да продолжиме понатаму да работиме за одбрана на правата на Албанците и на другите во Македонија. Вечерва на состанок на централното раководство ги одредивме чекорите за организирање на конгресот. БЕСА ќе ги надмине овие фази“, и ќе биде уште посилна, изјави Неџбедин Кахрамани од БЕСА

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ