
Кафематите и апаратите за вода опасни за пренесување на коронавирусот
Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот ковид-19
Препораката, посочуваат од АХВ, се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, а со тоа и за здравјето на граѓаните, цениме дека во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице“, се вели во деншното соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство.