Кафeаните отвораат кон средината на неделата?

Среда или четврток? Комисијата за заразни болести утре ќе стави крај на дилемите за повторно отворање на кафеаните. Два месеци откако заминаа под клуч, а две недели по првичните, нереализирани планови за рестартирање на угостителските објекти, здратсвените власти договараат нов предлог-датум, кој утре ќе го испорачаат до Владата.  Од здратсво за Телма брифираат дека лекарите се согласни кон средината на неделата да седнат првите гости на по протокол-уредените кафеанските тераси. Угостителите се подготвуваат за гости, но овој пат ќе ги примат во малку поинаков амбинет, со нов изглед на кафанската маса – средство за дезинфекција на рацете ќе стои веднаш до зачините за храна.  Нема запивање до доцна по полноќ, бидејќи овој пат музиката за фарјронт се гаси во 18 часот.

Редар пред угостителските објекти ќе го контролира влезот на гостите, а за една маса и четири столици ќе мора да се обезбеди простор од најмалку 9,6 квадрати метри, ќе бидат засилени санитарно-хигиенските мерки, а строго забранети свадби, крштевки и родендени.

Кафеаните со одлука на Влада од 12рти март почнаа да работат со скратено време до 18 часот, но само два дена подоцна, добија целосна забрана за работа со гости. Дозвола имаат само за достава на храна и пијалоци. Неофицијални информаци од Владата, пред две недели ги израдуваа угостителите дека ќе ги отворат кафаните, но тоа не се случи. Денеска пристигнаа нови сигнали, но предлогот на здратсвената комисија официјлано ќе го слушнат утре.

Освен кафаните во фокусот на здратсвените власти утре ќе се најде и отворањето на границите. Комисијата ќе предложи тоа да се случи кон средината на јуни, а се` позивесно е и дека нема да се бараат никакви тестови, со кои патниците би гарантирале  дека не се заразени со Коивд.  Во меѓувреме, повеќето земји во регионот донесоа одлука за отворање на границите. Албанија ги отвора од 1-ви јуни, а истиот датум го одбра и Србија. Две недели подоцна границите за 19 држави ќе ги отвори и Грција. Нема да бара негативен тест на Ковид, ниту карантин. Во моментот грчките власти подготвуваат протокол за гостите од странство. Со едно возило ќе смеат да патуваат само двајца возрасни. За семејните патување пак, доколу детето е над 18 години, нема да смее да биде во ист автомобил со родителите.

 

Весна Јовановска Дојчиновска

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ