Кабинетски кадри наместо обучени лица на преговори во Брисел

Имаме обучени кадри од јавната администрација, а на преговори во Брисел се испраќаат лица вработени во владините кабинети по партиска линија, забележуваат граѓанските организации Евротинк и Фондацијата отворено општество-Македонија.

Предупредуваат дека, со тоа се разочаруваат способните кадри кои успешно ја завршиле обуката и си бараат излез надвор.

Организациите забележуваат и дека, се доцни цели шест месеци со формирањето на работните групи кои треба да учествуваат во преговорите за ЕУ.

Бараат одговори за тоа, кој се ќе биде вклучен во нив и потсетуваат дека тие требаше да бидат формирани најдоцна до октомври минатата година.

Од организациите се децидни дека, никој во овој процес не треба да се однесува како преговорите да се негова сопственост, затоа што тоа може да има долгорочни полседици.

Од владата велат дека им е важен квалитетот, а не брзината.

Во процесот на преговарање е планирано да учествуваат илјада луѓе од јавната администрација, но се` уште не се усвоени ниту потребните документи за учество на работните групи во преговарачкиот процес.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ