
Јунската просечна плата пониска од мајската
Македонските граѓани во јуни земале помала плата во однос на платата во мај. Статистиката измери дека просечната плата исплатена во јуни изнесувала 24.203 денари што е за 300 денари помалку во однос на мајската. Економистите објаснуваат дека се работи за незначајно наламување, но важно е велат дека платата има раст од 6,1 % споредено со лани. Или над 1.300 денари повеќе
Двигател на платите и натаму се информатичарите, а поголеми примања во јуни имале и вработените во рударството и преработувачката индустрија.Пониски плати легнале на контата во финансискиот сектор, хотелите и рестораните и секторот енергија а најниските плати и понатаму се во рибарството.Граѓаните се жалат дека платите не им се доволни за да се протурка месецот
И синдикалната кошничка покажа дека на граѓаните им се потребни многу повеќе пари за да ги задоволат основните животни потреби.Во јуни кошничката на едно 4 члено семејство тежела 32 658 денари а во јули 150 денари помалку. Според фискалната стратегија на Министерството за финансии просечната плата до 2021 год треба да достигне до 27 000 денари што според Вчков ќе зависи од тоа дали владата ќе продолжи со трендот на раст на минималната плата.Анализите уште покажуваат дека во последниве 10 години просечната плата пораснала за 66 % но дури 43 % од вработените се обидуваат да преживеат со плата пониска од 12 000 денари.Во просек најмногу заработуваат Скопјани а најниска заработувачка дома носат жителите на североистониот регион.
Виолета З. Стојановска