
Јункер: ЕУ не врши притисок за решавање на спорот со името
Eвропската унија не врши притисок врз Скопје и Атина за решавање на името и не се меша во процесот на преговорите. Тој не е средство што Унијата го користи особено во момент на разговори, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за Евроњуз.
„Притисокот не е инструмент што треба да го користиме. Ги охрабруваме Грците и Поранешната југословенска република Македонија да изнајдат заедничко решение за прашањето за името. Тие се во преговарачки процес, ние не треба да се мешаме”, вели Жан-Клод Јункер – претседател на ЕК
На прашањето за тоа дали е оправдано барањето на Грција од својот сосед да го укине иредентизмот од Уставот и дали е тоа оправдано со оглед на прашањето за границите во регионот, Јункер даде само краток одговор.
„Ние не се мешаме во овој процес на преговори меѓу Грција и ПЈРМ”, вели Жан-Клод Јункер – претседател на ЕК.