
Југоистокот полека се подготвува за претседателските избори, но и за локални
На десетина денови до почетокот на предизборната кампања, Југоистокот полека се подготвува за претседателските избори, но и за локалните во општина Ново Село. Граѓаните од десетте општини на овој регион велат дека очекувањата им се идниот претседател да биде чесен и одговорен, но сметаат дека тоа сепак ќе зависи од изборот на мнозинството.
Првиот круг на претседателските избори е на 21 април.
Во струмичката општина Ново Село тогаш ќе се бира и градоначалник. Во трка ќе бидат магистерот по право Николче Стоилков, кој е вработен во царинската управа и актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Никола Андонов, кандидат на СДСМ, кој доаѓа од приватниот сектор. За Андонов ова е барање за втор градоначалнички мандат, по неговото раководење со оваа општина од 2005 до 2009 година.
Изборите во Ново Село се организираат по оставката на Боро Стојчев, кој лани во јули беше уапсен во обид на шверц на цигари во близина на македонско -бугарската граница.
Сузана Мицева