
Југохром нема да проработи во предвидениот рок
Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце нема да проработи во предвидениот рок. Почетокот на производството ке доцни вели заменик министерот за животна средина Јани Макрадули бидејки фабриката не ги исполнила преземените обврски, не се поставени филтрите на печките 7 и 8 кои заедно со системот за отпрашување се проценуваше на 12 мил евра.
„Југохром не може да работи се дури не ги исполнат условите и не вложат во заштита на животната средина .Инвеститорот си зема обврски но за жал доцнат.Ние сме решени, се дури не ги исполнат обврските од дозволата , да не работат. Имаме контакти со менаџментот, чекаме на информација што е направено како инвестиција досега, за да можат нашите инспектори да оценат што е вложено. Нови рокови нема, ние сме спремни да провериме дали тоа што е вложено ќе е од интерес за животната средина.“, изјави Макрадули.
Оџаците на „Југохром“ се очекуваше да почнат да чадат на почетокот на јуни откако Владата, вработените и менаџментот на компанијата потпишаа меморандум за разбирање со кој се гарантираше брзо сервисирање на административните процедури, дека ќе се инвестиура во филтрите а вработените ќе се вратат на своите работни места. Управителот на Југохром Васко Скендеровски вели дека се прават последните подготовки , комбинатот да проработи од септемрви. На скоро пуштање во производство се надеваат и вработените.
„ФАКОМ од понеделник треба да почне со монтажа на челичната конструкција, која ќе биде завршена до јуни.Потоа следува инкорпорирање на вентилатори, фибер вреќи и други делови.Почеток ан работа на печките 7 и 8 се очекува да биде од септемрви оваа година“, вели Скендеровски.
Фабриката го сопре производството на 2 ноемрви 2016 година бидејки не се испочитува рокот за изградба на систем за отпрашување со што 800 работници останаа без работа.
Виолета З Стојановска