
ЈСП троши 150 илјaди евра годишно за делови за кинеските и украински автобуси
За една година јавното сообраќајно претпријатие – Скопје потрошиле 9,000,000 денари за делови за украинските и кинески автобуси или еден нов автобус по цена по која се купени. Со јавни набавки во два наварти во 2018-та се набавиле: алтернатори, погонски склопови, светлосни уреди, сензори, семеринзи и кочници, делов за мотир и менувачи. И покрај долгиот список расипани и купени делови, потрошени пари, двокатните „кинези“ и украинските автобуси корозираат во депоата во Ѓорче Петров и Автокоманда.
ЈСП потрошиле повеќе од 500 000 илјади евра во 2018-та. Отишле пари и за редовни прегледи, а шампонот за миење на автобусите чинел 10 илајди евра. Со едно прелистување на специфиакциите се гледа дека киенските автобуси имаат американски мотор, укранските германски, а и двата типа автобуси имаат германски менувачи достапни на пазарот, што го товора прашњето дали ЈСП немал пари или не сакал да ги сервира редовно кинеските автобуси.
Во пораките кои стасуваат до Телма, познавачите на претпријатието велат дека недостигаат уште најмалку 100 гуми за да се пуштат дополнителни 23 автобуси во сообраќај, а да се повлечат дотраените „хармоники“. Деновиве стаса и потврдата од европската банка за обнова и развој која без проблем ќе му даде на градот и претпријатието кредит во висина од 11, 8 милиони евра да набави 35 еко автобуси на плин.
Градот е подготвен да плати безмалку 300, 000 евра за еден еко автобус иако за 7 години надвор од сообраќај останаа 53 од ново набавените платени по 173 илјади евра, на голема критика на јавноста дека се скапи, непотребни и неквалитетни. Ако на овие 35 милиони се додат претходните 46 за набавка на киенски и украински, целокупното одржување од 10 тина милиони евра за сите автобуси овие 10 години, градот вкупно потрошил над 90 милиони евра.
Павле Беловски