Јово Вангеловски повеќе не е судија

7 ипол часа до доцна попладнето траела вчерашната седницата на жалбениот совет во Врховен која заврши  со правоислно разрешување на судијата Јово Вангеловски. Од извори во Врховен, Телма дознава Вангеловски не присуствувал, но тоа, велат не било пречка и без него да се одржи седницата затоа што имал уредна покана, а дополнително негов адвокат бил присутен во отворениот дел и ги презентирал жалбата и аргументите на експретседателот на Врховен. Нашите извори велат дека одлуката била донесена едногласно од сите 9 члена на жалбениот совет во кој освен врховени судии учестуваат и судии од 4тие апелациони судови

Официјално од врховрен кусо известија што одлучиле на вчерашната седница

– Жалбениот совет донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година.

Жалбениот совет ја донесе оваа одлука еден месец по рокот (од 30 дена) што го пропишува законот, но тоа од Врховен го објаснуваа со барањата за одлагања и за изземања на судии што ги поднесуваше Вангеловски со што се одолговлечи целата постпака.

Судски совет го разреши Вангеловски за нестручно и не совесно работење односно,  затоа што постапил спротивно на општата седница на врховниот суд на која не помина предлогот за  начелно правно мислење со кое републички јавен обвинител ќе може да поднесува барања за заштита на законитоста за предмети на СЈО. Сепак, Вангеловски заедно со уште двајца судии му го укина притворот на бизнисменот Кочан на предлог на републичкиот обвинител Ацо Колевски иако предметот Труст го водеше СЈО.  Судски совет донесе одлука за разрешување и на другите двајца судии што постапија како Вангеловски Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски но за нив се уште нема правосилна пресуда. За Стојковска жалбениот совет ќе има седница во петок.

За Вангеловски кој пред да биде суспендиран го тераше вториот мандат како претседател на највисокиот суд во земјава, скопското обвинителство води предистрага за старите предмети кои неговиот наследник ги пронајде во кабинетот, од кој еден и застарел. Од обвинителство велат дека чекаат податоци од судски совет и од  врховен, пред да одлучат што понатаму со постапката.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ