Јовевски: Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски вели дека во тек е истражната постапка за  случаот „Рекет“ а јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и за да се утврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот.

„Обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан или испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука. Обвинителството покрај другите докази располага и со аудиовизуелни содржини. Во конкретниот случај се работи за криминална активност. Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова. Редослед Обвинителството заради доверливоста не соопштува однапред“, изјави Јовевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ