
Јовевски го испрати барањето за автентично толкување на Законот за СЈО
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски го испратил барањето до Собранието за автентично толкување на Законот за СЈО.
Во мегувреме се очекува Врховен деновиве да одлучува за куќниот притвор на бизнисменот Орце Камчев откако одбраната поднесе жалба. Јавноста чека одговор да види дали судиите од највисокиот суд ќе постапат по сопственото мислење дека рокот на СЈО за притвори е истечен.
Претседателот на Собранието Талат Џафери неодамна рече дека во рок од 20 дена откако ќе го добие барањето ќе закаже седница за автентично толкување.