Јовески очекува да се донесе законот за јавно обвинителство

Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението на незаконски прислушувани материјали, оваа одредба од предложениот законот за јавно обивнителство се однесува на истрагите преземени од СЈО но не и за другите предмети како на пример Рекет објаснува за Телма државниот иобвините Љубомир Јовески. Што ке биде со Талир 1 и Талир 2 кои се поднесени по рокот о1 јули 2017 а се против вмро дпмне и нејзини функционери Јовески вели не сака сега да коментира за конкретни предмети пред да биде донесен зкаонот. Тоа што ќе биде изгласано тоа и ќе почитуваат вели републичио обвинител

За Јовески добар е и предлогот шефот на организиран криминал да се бира на непосредни избори од сите обвинителите, но за да се направат измени за избор на неговиот наследник односно за државниот обвинител јовески вели мора да се интервенира во Уставот. Не ги дели ставовите на експерите кои критикуваа дека местото на  доказите не им е в овој закаон  туку дека тоа се регулира со ЗКП.

Јовески во новогодишното обраќање порача подобро да не се донесе закон, отколку да се изгласа закон кој нема да биде квалитетен и ќе бидат резултат на дневно-политички договарања. Денеска, очекува да се донесе овој предлог закон кој според него ќе ја подобри работата на обивнителството и борбата со организираниот криминал

Јовески вели дека се работи на сите истраги преземни од СЈО не само на Империја. Некои со позасилено темпо некои не толку но не можеше да каже за кој предмет ќе биде првото обвинение и дали тоа ќе биде скоро.

Сјо во наследство на средовнот обвинителство му остави 20тина истраги и десетици предистраги. Токму овие предмети се една од главните причини поради кои повеке од една година политичките партии не можат да се договорат и да го изгласаат законот. Тука се Попис за Ахмети, Моќник за Милошоски, Дизајн за Јанушев, Пациент за Османи.

Ако се изгласа последната верзија на законот бомбите за во овие предмети ќе бидат индиции а по целосно завруваше на постпаките во рок од 3 месеца ќе треба да се уништат. Сите останати бомби кои не биле користени до сега не смеат да се прислушуваат и да се употреуваат за нови предмети

 Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ