Јовески за Телма:  Законот за ЈО е добар, и не се однесува на снимките од „Рекет“

Ако помине оваа верзија на Законот за ЈО  бомбите ќе бидат индиции во истрагите кои ги отвори СЈО а ќе останат докази во поднесените обвиненија вели во изјава за Телма државниот обивнител Љубомир Јовески.

Одредбата во законот која вели дека обвинение не може да се заснова на незаконски прислушувани материјали, според Јовески се однесува на бомбите преземни со предметите на СЈО а не на сите предмети во кои има прислушувани материјали, како на пример „Рекет“, бидејки веќе има пракса на користење на вакви материјали кога претежнува јавниот интерес над приватниот.

На законот за јавно обивнителство се работи две години и имаше различни мислења и  последната верзија е добра, смета Јовески

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ