Јовески: Во обвинителствата низ државата фалат 40 обвинители но, тешко ќе оди пополнувањето

Советот на јавни обвинители денеска на седница бира шефови на шест обвинителства низ државава меѓу кои и за обвинителството за организиран криминал кое што го води предметот за 27 април за насилствата во Собранието минатата година.

Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој што е член по функција во советот, пред почеток на седницат рече дека во обвинителствата низ државата фалат 40 обвинители но, тешко ќе оди пополнувањето со оглед на тоа што во основните обвинителства мора да влезат кандидати со завршена академија за судии и јавни обвинители. Следната генерација која ќе заврши академија е до година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ