Јовески: ОЈО знае за заканите по живот на возачот – бараme да се почитува презумцијата на невиност

Обвинителството ги презема сите потребни дејствија за расчистување на тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово , кај селото Ласкарци. Се сослушуваат сведоци, треба да се докомплетира документацијата од превозникот Дурмо турс.

Возачот досега само еднаш бил сослушан, а обвинителот Љубомир Јовески рече дека тие се запознаени и со заканите по живот кои се упатуваат до возачот. Побара од јавноста да се почитува презумцијата на невиност се додека не се прецизира кривичната одговорност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ