
Јовески: Нема основ за дисциплинска постапка за Русковска
Писмото на обвинителката Русковска е во рацете на членовите на обвинителскиот совет. Тие ќе го прочитаат нејзиното образложение зошто им испратила порака на судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор, но првиот човек на Советот Ацо Колевски за Телма вели дека не можат да испитуваат одговорност за Русковска, затоа што дисциплинска постапка покренува државниот обивнител кој формира првостепена комисија, а Советот потоа одлучува како второстепен орган доколку има жалба.
Апелационите судиите допис и до државниот обивнител Јовески. Тој за Телма потврди дека постапка за Русковска не е отворена.
Во овој момент не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност на јавниот обивнител, но ќе почекаме да видиме што ќе заклучи советот на јавни обивнители. Останувам на официјалниот став на обвнителството, велиЉубомир Јовески, републички обвинител.
Официјално обвинителството пред неколку дена се прозинесе дека реакцијата на Русковска била излив на разочарување. Слични се и неофицијалните коментари од таму кои одат во насока на тоа реакцијата на Русковска реагирала човечки а не со намера да се реализира закана.
Инаку Обвинителството се уште го анализира решението на апелација и според првичните согледувања немаат законски основ да поднесат вонреден правен лек пред врховниот суд велат од обвинителството за Телма. Тоа што обвинителството не е задоволно од одлука, не е доволно за жалба. Треба да постои и повреда на закон за да се бара заштита на законитоста пред врховен, објаснуваат од обвинителството. До понеделник и ќе ги разгледаат сите опции за тоа што можат да преземат.
Апелациските судии оцениле дека Јанева може да биде обезбедена и со куќен притвор. Во судското решение кое вчера беше објавено се констатира дека здравствената состојба и е влошена и потребни и се подобри услови. Но она што предизвика најмногу реакции во јавноста е тоа што судиите ги прифатиле аргументите на Јанева дека е жена и самохрана мајка која сама се грижи за своите деца. Таа има две полнолетни деца со кои претходно не живееше заедно и од кои постарата ќерка има и свое семејство.
Но овие олеснителни причини за куќен притвор не биле доволни за да биде прифатена гаранцијата на Јанева. Истите судии Нича, Кадрии и Димитриевски во рок од 5 дена два пати одлучувале по жалби на Јанева. Првиот пат за понудената гаранција во недвижен имот која ја одбиле а во вториот случај прифатиле куќен притвор.
Извори од судот велат доколку ја прифателе гаранцијата Јанева би требало да биде пуштена на слобода а висината на понудениот недвижен имот од околу 200 илјади евра сметале дека не е довлна. Дополнително велат дека мерката куќен притвор е построга од прифаќањето на гаранција.
Елена Муковска